Со „Деца на сонцето“ се спушта завесата на „Браќа Манаки“

19.09.2014 16:20

Вечерва во Битола завршува филмскиот маратон со премиерата на најновиот македонски филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески. Освен богатата филмска понуда и гостувањето на тројцата оскаровци, ова издание на Манаки ќе се памети и по некои скандали што го следеа фестивалот...

Со премиерата на најновиот македонски филм „Деца на сонцето“ вечерва се спушта завестата на 36-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Филмот во кој режисерот Антонио Митриќески зборува за социјалниот статус и опстанокот на едно просечно македонско семејство, по проекцијата во Кан за странските дистрибутери веќе е примамливо филмско дело.

Филмот ги исполни моите очекувања. Во Кан беше прифатен од публиката и веднаш продаден на американски дистрибутер. Успех за целата екипа е и тоа што на 25-ти во Лондон настапуваме во официјална конкуранција со две проекции“, вели режисерот Антонио Митриќески.

Дека филмот ќе има долг интарнационален пат сигнал се и поканите за гостување на фестивалите во Америка, Канада и Азија. Задоволство кое не го кријат ниту актерите.

Како да не се биде задоволен кога еден филм кој уште не стапнал на домашното тло е веке препознатлив во светот и добива постојани покани за настап на фестивалите што следат. Тоа е голема афирмација за нас, но и за Македонија“, вели актерката Милица Стојанова.

Чувството е прекрасно кога се враќате дома и веднаш го чувствувате успехот. Задоволна сум од шансата што ми ја даде режисерот на кого му возвративме со максимално залагање и соработка“, вели актерката Билјана Танеска.

Премиерното прикажување на двата најнови македонски филмови и гостувањето на тројцата оскаравци на годинешното издание му дадоа еден посебен сјај. Тој ќе беше посветол доколку фестивалот на моменти не го следеа некои контраверзни скандали.

 

Стевче Митревски