Мерки за задржување на младите
Македонија се престројува да ги ангажира младите и работоспособните. Новиот оперативен план за вработување е на прагот, најавени субвенции за да се задржат дома младите и работоспособните.

Овој месец ќе се обелодени новиот оперативен план за вработување, а Министерството за економија и труд анализира-лани беше успешно спроведен планот и преку 60 проценти млади до 29 години најдоа работа преку владините мерки.
Најатрактивна останува мерката за самовработување со 2.600 вработувања.
Според Ристески, потребна е поголема соработка помеѓу компаниите и стручните училишта. Најавува и бенефиции за задржување на работоспособните во земјава.
Во земјава во моментов се околу 90.000 невработено и преку 710.000 вработено работоспособно население.
Елизабета Митреска
