Струмица набавни нови шест мерни станици за да го лоцира аерозагадувањето
Општина Струмица набави нови шест мерни станици и веќе изгради мрежа од 12 станици кои ќе ја мерат аерозагаденоста во градот. На тој начин и граѓаните и институциите ќе добиваат реална слика каков воздух струмичани дишат и каде е најголемото загадување за да интервенираат институциите.

Струмица која во зимските месеци е меѓу позагадените градови во земјава со штетните ПМ 10 и ПМ 2.5 честички ја проширува мрежата со мерни станици со цел побрзо да го детектира можното загадување на воздухот. Деновиве монтирани се нови шест мерни станици кои во реално време ќе ја отчитува аерозагаденоста низ повеќе параметри.
Новите шест мерни станици чинат околу 16 илјади евра. станува збор за сензори кои отчитуваат повеќе параметри и даваат податоци на повеќе нивоа со аларми кога воздухот ќе биде енормно загаден.
Општина Струмица веќе неколку години се соочува со загаден воздух. Истражувањето на Амбикон покажа дека согорувањето биомаса е најголем загадувач.
Ване Трајков
