Одбележување
Владата ќе го одбележи Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа
09.05.2026 10:15
Претседателот на владата Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на владата, каде што ќе се обрати пред присутните.

По повод 9 мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа ќе се одржи свечена церемонија под слоганот „Победа, принципи и вредност“.
По тој повод, претседателот на владата Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на владата, каде што ќе се обрати пред присутните.
