Одбележување

Одбележан Денот на победата и Денот на Европа

09.05.2026 14:32

„Ние, добро ја знаеме цената на слободата. Знаеме што значи борба за своја држава, за свое име и достоинство, остануваме на страната на мирот, слободата и европските вредности“ – порача претседателот на владата Мицкоски на одбележувањето на Денот на победа над фашизмот и денот на Европа...

Европа е нашиот пат. Нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската унија, порача премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 9 ти мај. Смета оти тоа е горко искуство поради многуте препреки и неразумни спорови и смета дека до трајно решение може да се дојде преку разговор и почитување на европските вредности. Претседателот на владата ги повтори македонските црвени линии, пазар со идентитетот нема.

Мицкоски повика на обединување, не во омразата туку во заедничката борба за подобар живот. Ја обвини опозицијата дека ги одбивала сите разговори за решавање на државните прашања, иако зборуваат за европска интеграција одбиваат да ги изгласаат законите од реформската агенда, вели премиерот.

Евроамбасадорот Рокас со потврда за поддршката која Македонија и ја дава на Украина, бидејќи како што вели Европа не е изградена на ветувања туку да го брани мирот, просперитетот, единството. Тој ја пренесе пораката од претседателот на Европскиот парламент Кошта дека ја чека Македонија во Европската унија.

Борбата со корупцијата, неправдата, сиромаштијата и безнадежноста мора да ја добиеме со истата решителност со која нашите предци ја бранеа слободата, истакна премиерот Мицкоски кој ги претстави 4-те столбови на кој ќе се темели идниот напредок на државата. Еномија и животниот стандард, правда, образование и млади.

Викторија Милевска