Македонија доби прв иновативен технолошки парк
Нема пулс, нема емоции, но знае да разговара. Во време кога вештачката интелигенција станува дел од секојдневието, робот по име Алшар беше една од најголемите атракции на првиот македонски технолошки парк, место каде иднината не се замислува – туку се програмира. Од роботи што комуницираат со луѓе, до амбиции Македонија да стане регионален центар за иновации и deep-tech индустрија – дали конечно влегуваме во дигиталната трка на новото време?

Ова е Алшар. Одговара на прашања, разрешува дилеми. Нема емоции, но е икона на новото време.
Роботот со кого направив 2-3 реда муабет, беше атракција и на првиот македонски технолошки парк. Поврзување на иновациите, образованието и бизнис секторот, преку современи дигитални решенија и напредни технологии. Има амбиција да го поттикне развојот на таленти и меѓународната соработка.
Од Владата велат дека се отворени за соработка, зашто токму иновациите го отвораат патот за развој на земјата.
Македонија мора да стане место каде ќе се создаваат современи технолошки решенија со глобален потенцијал, велат од менаџментот на универзитетот.
Ваквите проекти се стремат кон создавање простор каде младите таленти, стартап компаниите и експертите ќе можат заеднички да работат на идеи поврзани со вештачка интелигенција, deep-tech индустријата и дигиталната трансформација, со цел домашните иновации да добијат пристап до странски пазари.
Борис Грујоски
