„Наша Европа, посилни заедно“, порача Европската унија
Три децении Европа е наша цел, надеж и политичко ветување. Граѓаните сè уште оптимисти дека ќе станеме полноправна членка. Од претставниците на Унијата пораки дека местото на Македонија е во европското семејство, но и потсетување дека патот до таму не се мери само со декларации, туку со реформи, доверба и промени што луѓето треба да ги почувствуваат во секојдневниот живот. Од детски игри во градски парк до дипломатски пораки за иднината – Европа денес беше поблиску до граѓаните …

„Наша Европа, посилни заедно“ порача Европската унија на денот на Европа кон која се стремиме 3 децении. Македонците сè уште веруваат дека еден ден ќе станеме полноправна членка на европското семејство.
Амбасадорите од европските земји на прославата во градскиот парк им ја приближија ЕУ на граѓаните. На Денот на Европа во Скопје имаше по нешто за секого: од игри, забава и храна организирани од земјите-членки.
„Главната поента е да претставиме игри на отворено што доаѓаат од повеќе земји-членки. Сите присутни ќе можат да се вклучат во игрите заедно со нас.“, изјави Мариуш Бримора-амбасадор на Полска.
„Ја сум амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија и се приклучив на колегите од Европската унија да го прослави овој ден што е важен за целиот наш континент.“, изјави Кристоф Зомер-амбасадор на Швајцарија.
Македонските граѓани наскоро ќе бидат граѓани на идна членка на Европската унија. На денот на Европа го прославуваме заедничкиот европски потфат и време да се направат идните чекори за да станете дел од ЕУ, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Веруваме дека вашата иднина е во Европската унија. Се вложува многу труд да за ова стане реалност. Вашата држава е кандидат за членство во ЕУ многу години. Време е да се направи следниот чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина.“, изјави Антонио Кошта-претседател на Европскиот совет.
Работиме напорно да ве внесеме во европското семејство, порача евроамбасадорот Рокас. Побара помош од граѓаните и компаниите за постигнување на оваа цел. Министерот за европски прашања сали посочи дека интензивно се работи на реформската агенда за приближување кон ЕУ.
„Интегрирањето не значи само политичка изјава, односно политичка определба, тоа значи поголем и побарува поголема општествена и институционална консолидација. Така да ние работиме напорно и сме посветени на сето ова.“, изјави Беким Сали-прв вицепремиер и министер за европски прашања.
Според првиот човек за евроинтеграции членството во ЕУ не значи само да се биде дел од ЕУ, туку подобро општество за подобар живот на граѓаните.
Ирина Гелевска
