Унгарија
Новата унгарска влада положи заклетва
09.05.2026 19:17
Маѓар официјално ја презеде функцијата. Инаугуративната седница се одржа речиси еден месец откако неговата партија...

Новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар официјално ја презеде функцијата. Инаугуративната седница се одржа речиси еден месец откако неговата партија.
Тиса освои убедлива победа на изборите и ја собори Фидес на Виктор Орбан кој 16 години беше на власт. Покрај брегот на Дунав, пред парламентот во Будимпешта, Маѓар организираше и голема прослава, за како што рече, слободата и демократијата.
На конститутивната седница на парламентот, Маѓар најави политички реформи, борба против корупцијата и приближување на земјата кон Европската Унија.
