Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

10.05.2026 09:03

Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветар.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.