Стабилно земјоделско производство

23.12.2013 11:45

Македонија има стабилно земјоделството

Наспроти неповолните климатски услови не е забележан драстичен пад во производството, некои гранки дури бележат  пораст, додека другите се на задоволително ниво.

Производството на житни култури е стабилно.Оризот се сади повеќе,а површините со пченица се поголеми за 1.400 хектари.

Градинарството,бележи пораст  за речиси 8 проценти на производство на пиперки и краставици,а на доматите компирот,гравот, и бостанот е непроменето.

Јаболка има повеќе за 21 процент,а преработките од овошје и зеленчук за 2 и пол пати.

Млекопроизводството не се менува и е 400.000 тони годишно.

Сепак, земјоделците се со ограничени капацитети за количества за самостоен настапат на пазарот и рамноправни преговори со откупувачите.

Според експертите, за поголем профит,подобрувањето на стандардите во производството и безбедноста на храната,со маркетингот и пласманот се приоритети на фармерите.