Куисманен: Македонската економија може да расте побрзо во однос на европските земји
Мика Куисманен е дел од Твининг проектот за зајакнување на капацитетот на ресорот за финансии и смета дека македонската економија може да расте побрзо во однос на европските земји...

Се поголем број европски земји ги влошуваат прогнозите за раст за годинава, но на македонската економија и оди добро, а економскиот раст ќе биде 3 или 3,5 проценти што е значително повисоко од европскиот, и тоа е добро за земјата, смета Мика Куисманен, директор на одделот за проекции во министерството за финансии на Финска. Тој е дел од Твининг проектот за зајакнување на капацитетот на ресорот за финансии и смета дека македонската економија може да расте побрзо во однос на европските земји.
„Иднината на македонската економија споредено со останатите економии во Европа е ветувачка. Предизвикот во иднина за Македонија би бил како најдобро да ги искористи ресурсите, да го унапреди пазарот на работна сила и да продолжи со добрите политики на привлекување странски директни инвестиции”, рече Мика Куисманен, директорот на одделот за проекции во министерството за финансии на Финска.
Европската економија бавно закрепнува, а дополнителни проблеми предизвикуваат кризата во Украина, санкциите кон Русија и нејзините контрамерки. Десет проценти од финскиот извоз одеа кон Русија и состојбата во економијата се влошува, вели Куисманен. Проекциите за раст на македонската економија од 4% ќе се исполнат ако се земе предвид климата во Европа.
„Звучи оптимистички, но тоа е можно. Треба да се земе во предвид и економското опкружување во Европа како и евентуалното подобрување на состојбите во другите земји“, вели Мика Куисманен, директорот на одделот за проекции во министерството за финансии на Финска.
Европската банка за обнова и развој ја става Македонија во групата на земји со најголем раст, што според извештајот се должи на големите инфраструктурни проекти за кои в година се предвидени 345 милиони евра буџетски пари.
Свето Николовски
