Македонија нема закон за планинските спасителни служби
Македонија сè уште нема централна и унифицирана национална планинска спасителна служба. Доброволните спасувачи учествуваат во педесетина акции за спасување планинари и туристи годишно и во потраги по исчезнати лица. Бараат поголема поддршка од државата и закон со кој ќе се подобри нивната ефикасност...

Националниот сојуз за планинско спасување го сочинуваат 12 доброволни планински спасувачки служби. Учествуваат во сите спасувачки акции на планина, главно се алпинисти, обучени и сертифицирани од Меѓународната комисија за алпско спасување. Со години работат без поддршка ниту на државата ниту на општините
По примерот на Хрватска, инициран е закон со кој планинските спасувачки служби обединети во Национален сојуз ќе бидат посебен сегмент од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во повеќето европски земји планинските спасувачки служби функционираат во координација со државните институции, имаат законски статус, редовни обуки и стабилно финансирање.
Охрид е единствената општина во државата која одвојува буџетски средства за планинската спасувачка служба, односно Националниот сојуз чие седиште е во Охрид.
Славица Величковска
