Куманово

Почна сезоната на крлежи

10.05.2026 12:14

Почна сезоната на крлежи. Во кумановската болница по петмина пациенти дневно бараат помош по убод од овој паразит. Хирурзите со апел граѓаните да им се обратат, да не се обидуваат сами да ги отстрануваат...

Повисоките температури и врнежите од дожд ја активираат сезоната на крлежи. На хируршкиот одделение во кумановската болница граѓани секојдневно бараат помош по каснување од овој паразит. Дневно лекарите регистрираат и до петмина пациенти. Засега поминуваат со благи симптоми, но убод од крлеж може да предизвика сериозни проблеми. Апелираат на внимателност при прошетки низ зелени површини. Но и смируваат не секое каснување, пренесува инфективна болест.

„Само оние крлежи кои се заболени, инфицирани, било од вирусна или бактериска патологија, можат при нивно каснување да ни пренесат одредена инфекција. Најчесто пациентите доаѓаат за отстранување на крлеж им го отстрануваме, им даваме насоки понатаму што треба да направиме, најчесто и крлежи што ги отстрануваме ги упатуваме на инфективно одделение да проследиме дали тие се заразени или не се“, истакна д-р Иван Аргиров, специјализант по општа хирургија.

Хирурзите апелираат граѓаните да не ги отстрануваат крлежите сами, туку да побараат стручна помош.

„Ние целиот крлеж ќе го отстраниме но често доаѓаат и пациенти кои дел од крлежот им останал, пробале сами да го отстранат и поради тоа ние треба со мала хируршка интервенција да го отстраниме останатиот дел“, дополни Аргиров.

Во овој период од годината кога крлежите се најактивни се препорачува носење на долга и светла облека како и самопреглед по враќање од природа.

Апелот на лекарите е прегледот да се изврши особено на деловите од телото со повеќе влакна, како главата, регијата зад ушите кај децата, вратот, пазувите, препоните.

Елена Георгиевска