шпанија

Евакуација и тестирање на патниците од крузерот со хантавирус

10.05.2026 10:13

Од патниците, ниту еден не покажал знаци на инфекција, ќе бидат тестирани од шпанските здравствени власти, а потоа ќе бидат префрлени на копното со мали чамци, соопштија шпанските власти.

Крузерот на кој се појави хантавирус се закотви рано утрово во близина на пристаништето Грана-диља на Тенерифе. Од патниците, ниту еден не покажал знаци на инфекција, ќе бидат тестирани од шпанските здравствени власти, а потоа ќе бидат префрлени на копното со мали чамци, соопштија шпанските власти.

Триесет членови на екипажот ќе останат на бродот и ќе отпловат кон Холандија, каде што крузерот ќе биде дезинфициран. СЗО во петокот соопшти дека осум лица се заразиле од вирусот, од кои тројца починале.

Хантавирусот обично се пренесува преку глодари, но во ретки случаи може да се пренесе и од човек на човек.

„Загриженоста е оправдана бидејќи сите го искусивме ковид, особено во 2020 година, и таа траума сè уште ни е во мислите. Значи, луѓето ќе имаат прашања, загрижености, и тоа е она што се обидов да го одговорам во мојата порака до луѓето од Тенерифе. Ве слушаме, разбираме, но ситуацијата е многу подобра сега. а другата предност е и природата на болеста. Затоа и јас дојдов тука, да бидам на страната на луѓето, бидејќи кажувањето работи од далеку може да биде лесно. Но, морав да го сменам мојот план да дојдам тука бидејќи ова е многу, многу важно за целиот свет и за луѓето од Тенерифе“, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО.