Блиски Исток

Иран и САД повторно на раб на ескалација по заканите на Револуционерната гарда

10.05.2026 11:22

Заканата доаѓа во момент додека Вашингтон очекува одговор на нов предлог за договор и можност за продолжување на примирјето во регионот.

Иранска револуционерна гарда предупреди дека ќе изврши напади врз американски цели на Блискиот Исток доколку бидат загрозени иранските танкери. Заканата доаѓа во момент додека Вашингтон очекува одговор на нов предлог за договор и можност за продолжување на примирјето во регионот.

Во исто време, сателитски снимки покажуваат нафтена дамка во Персискиот Залив што излегува од западната страна на островот Харг, главниот терминал за извоз на сурова нафта во Иран.

Според фирма за поморско разузнавање. Не е познато дали истекувањето е предизвикано од дефект, воздушен напад или нешто сосема поинакво. Пентагон одби да коментира дали американската војска спровела неодамнешни напади на иранскиот остров.