Храната во РЕК Битола е безбедна, салмонела не е пронајдена
Надлежните институции потврдиле дека бактеријата салмонела не е пронајдена ниту во храната, ниту на работните површини во кујните на РЕК Битола...

ЕСМ Молика информира дека по деталните инспекциски контроли, надлежните институции потврдиле дека бактеријата салмонела не е пронајдена ниту во храната, ниту на работните површини во кујните на РЕК Битола.
Од компанијата велат дека појавата на салмонела кај 24 вработени не е поврзана со подготовката на храната во централната менза.
По добиената официјална потврда за исправноста, кујната повторно ќе започне со подготовка на храна од утре. Управителот најави поднесување кривична пријава против непознат сторител, а биле спроведени дополнителни мерки за дезинфекција и темелно чистење на кујнските простории.
