Плеј оф во АБА лигата!
Шампионот во регионалната кошаркарска конкуренција од ова сезона ќе се добива преку доигрување. За разлика од минатите сезони кога четирите најдобри екипи играа завршен турнир, сега до трофејот ќе се дојде преку плеј – оф.
Во полуфиналните дуели ќе играат првиот со четвртиот и вториот со треторангираниот по лигашкиот дел на сезоната, составен од 26 коло. За пласман во финалето ќе бидат потребни три победи, а предноста на домашниот терен ќе ја имаат подобропласираните екипи.

Ова е главната одлука на денешната седница на раководството на АБА лигата, којашто ќе стартува на 4 октомври и во којашто по третпат ќе игра македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Во досегашните 13 години од постоењето на Јадранската кошаркарска лига, само еднаш и тоа во сезоната 2006 – 2007-ма се играше плеј – оф меќу чатирите првопласирани тима, по којшто титулата ја освои Партизан совладувајќи го во финалето во два меча ФМП.