Се поголемиот недостиг на медицински сестри и акушерки на глобално ниво
Недостатокот на медицински сестри и акушерки е глобален проблем. Заминуваат да работата во странство поради подобрите услови, но и повисоката плата. Министерството за здравство презема чекори кон подобрување на условите и зголемување на платите, со цел намалување на одливот.

На светот му недостасуваат близу 6 милиони медицински сестри, на Македонија околу 6.000. Тие се важна алка во здравствениот процес, но без размислување заминуваат во странство заради подобри услови и повисоки плати. Се поголемиот недостиг на медицински сестри и акушерки на глобално ниво, предизвикува нивен одлив од земјава, велат од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.
Медицинските сестри се јадрото на здравствениот систем, велат здравствените власти. Свесни за недостигот, веќе преземаат повеќе чекори во насока на подобрување на условите за работа и зголемување на платите. Заедно со синдикатите, работиме за унапредување на состојбата и поголемо вреднување на трудот, вели ресорниот министер Азир Алиу.
Остануваме посветени на постојана надградба на здравствената инфраструктура, подобрување на статусот на медицинските сестри и постојано унапредување на нивното образование и професионален развој, велат надлежните.
Марија Котовска
