Македонија
Средба на Мицкоски со дијаспората во Албанија
10.05.2026 19:18
Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво.

Премиерот Мицкоски оствари средба со Македонците во Туминец, Преспа и Мала Преспа.
Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво. Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит, го соочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко и затоа денеска јасно да порачам дека матицата нема да ве заборави, изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски на средбата со дијаспората во Албанија.
