Почнува судењето за 13-те полицајци во случајот „Пулс“
Почнува судењето за 13-те полициски службеници и началниците од ОВР-Кочани и СВР-Штип, кои на кобниот 16-ти март биле дежурни, но и ангажирани во дискотеката „Пулс“. Обвинети се за загрозување на општата безбедност и сигурност...

Почнува судењето за 13-те полициски службеници и началниците од ОВР-Кочани и СВР-Штип, кои на кобниот 16-ти март биле дежурни, но и ангажирани во дискотеката „Пулс“. Обвинети се за загрозување на општата безбедност и сигурност. Во кобната ноќ, кога се случи пожарот, ниту ја прекинале забавата, ниту пак спречиле пиротехниката да биде активирана. Обвинението ќе го застапува обвинителката Спасенка Андонова, која беше избрана во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Во уште два одвоени судски процеси, обвинение и за вкупно 12 полицајци, за злоупотреба на службената положба.
Пред една недела, на тројца, судот им изрече условни затворски казни.
