Уште еден патник разви симптоми на хантавирус
Францускиот државјанин развил симптоми додека бил на чартер-лет од Тенерифе до Париз, по што сите петмина евакуирани од луксузниот крузер биле веднаш ставени во строга изолација.

Патник на крузерот кој беше погоден од епидемија на хантавирус покажа симптоми на болеста додека беше репатриран во Франција. Францускиот државјанин развил симптоми додека бил на чартер-лет од Тенерифе до Париз, по што сите петмина евакуирани од луксузниот крузер биле веднаш ставени во строга изолација.
Француските државјани се меѓу повеќе од 90 туристи кои беа превезени дома од холандскиот брод со 147 патници кој вчера се закотви кај Канарските Острови.
Тројца патници починаа по патувањето на бродот кој пловеше по Атлантикот, од кои за двајца беше потврдено дека го имале вирусот.
