БЛИСКИ ИСТОК

Трамп го отфрли одговорот на Иран

11.05.2026 08:15

Најновиот предлог на Вашингтон се однесуваше на договор за завршување на војната, повторно отворање на Ормускиот теснец и укинување на нуклеарната програма на Иран, прашање за кое Техеран би сакал да разговара по крајот на војната.

Премиерот на Пакистан изјави дека добиле одговор од Иран во врска со тековните преговори со САД за завршување на војната во Иран. Најновиот предлог на Вашингтон се однесуваше на договор за завршување на војната, повторно отворање на Ормускиот теснец и укинување на нуклеарната програма на Иран, прашање за кое Техеран би сакал да разговара по крајот на војната.

Претседателот Трамп го отфрли одговорот на Иран на предлозите на САД за прекин на војната како тотално неприфатлив. Сепак, од администрацијата на Вашингтон велат дека шефот на Белата Куќа и дава предност на дипломатијата пред да се врати на непријателствата.

„И кога медијаторите во овој случај, Пакистан, ќе нè замолат, да им дадеме на овие преговори уште една шанса пред да се вратиме на бомбардирањето, тогаш мислам дека тоа е сосема соодветен избор за претседателот Трамп. Тој и ја дава на дипломатијата секоја можна шанса пред да се вратиме на непријателствата. Но, тој е апсолутно подготвен да го стори тоа“, рече Мајк Валц, амбасадор на САД во ООН.

Во исто време, Франција негира воено распоредување во Ормускиот теснец.

„Во врска со Иран, мислам дека има голема конфузија и треба да ги смириме тензиите. Никогаш не се покренало прашање за француско или француско-британско распоредување. Пред неколку дена, донесов одлука да го преместам Шарл де Гол, фрегатите што го придружуваат и целата наша ударна група на носачи на авиони надвор од теснецот Баб ел-Мандеб, преместувајќи се од источниот Медитеран во блиската област. Но, никогаш не се покренало прашање за распоредување. Важно е да се стави крај на секоја блокада, од каде и да доаѓа и во каква било форма. Да се отфрлат какви било патарини, од каде и да доаѓаат, и да се обезбеди слобода на пловидба“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Макрон рече дека Франција изградила аад-хок мисија со Британците и собрала 50 земји за координација со Иран и САД, осигурувајќи дека поморскиот сообраќај може да се продолжи штом условите дозволат.