Свет

Авион на „Туркиш ерлајнс“ се запали при слетување на главниот аеродром во Непал, нема повредени

11.05.2026 16:39

Воздухопловот од Истанбул слетал на Меѓународниот аеродром во Катманду со оган и чад. Екипата за итни случаи реагирала навреме, а патниците биле безбедно евакуирани.

Авион на „Туркиш ерлајнс“ од типот Ербас 330 со 277 патници се запалил при слетување на главниот аеродром во Непал. Нема пријавени повредени, но аеродромот бил принуден да се затвори.

Воздухопловот од Истанбул слетал на Меѓународниот аеродром во Катманду со оган и чад. Екипата за итни случаи реагирала навреме, а патниците биле безбедно евакуирани.

Непал се соочува со релативно чести авионски несреќи бидејќи неговиот планински терен и променливото време ги отежнуваат условите за летање.