Временска прогноза
Претпладне сончево, попладне променливо облачно
11.05.2026 08:00
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град...

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде променливо облачно наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Попладне ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h.
Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во Скопје претпладне сончево, попладне ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
