ЈП Водовод и канализација

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

11.05.2026 10:36

Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје денеска го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).

Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје денеска го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.05.2026 до 08.05.2026 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во соопштението.