Шкотланѓаните ја избраа политичката и економската сигурност
Мнозинството Шкоти кажаа “не„, земјата останува дел од Обединетото Кралство. Со 55 насто од гласовите Шкотланѓаните ја избраа политичката и економската сигурност, наспроти националната гордост но и неизвесноста. Чувствата се поделени.
Едни слават.
Други се разочарани.
„Моето срце сакаше да рече „да“, но разумот надвладеа, среќен сум што ова се случи“.
„Страшно“.
„Мислам дека го одбравме правилниот пат. Се надевам дека ова нема да предизвика поделба во земјата“, велат жителите на Шкотска.

Лидерот на кампањата за независност и премиер на Шкотска го призна поразот и ги повика граѓаните да ја прифатат одлуката на мнозинството.
„Ова е триумф за демократскиот процес, кој ќе не движи во иднина. Нема враќање на она што беше пред референдумот. Со овој постигнат резултат очекуваме Лондон брзо да ги исполни ветувањата за поголеми овластувања на Шкотска“, рече Алекс Салмонд, премиер на Шкотска.
Пред Даунинг 10 британскиот премиер вети брзо решавање на сите отворени и ветени прашања.
„Јас верувам во Велика Британија и повеќе од се сакам нашите земји да останат заедно, но исто така сум и демократ. Им честитам на двете кампањи. Сега имаме шанса да го смениме начинот на кој функционираат Британците и да одиме кон подобро“, рече Дејвид Камерон, премир на Велика Британија.
Ден после референдумот главните партии во Вестминстер најавија дека ќе почнат со подготовки на промените во сферата на финансиите, даноците и социјалната политика.
И Европа со нетрпение ги чекаше резултатите од референдумот. Претседателот на Европската комисија Баросо и првиот човек на Европскиот Совет Ромпуј сметаат дека оваа одлука ќе ја направи Европа посилна и поотворена.
Марија Петковска