Концертот „Звук како колективна резонанца“ вечерва во Сули ан
„Звук како колективна резонанца“ е насловот на концертот на реномирани музичари од земјава и од странство што ќе се одржи вечерва во 20 часот во Сули ан, во Старата скопска чаршија...

„Звук како колективна резонанца“ е насловот на концертот на реномирани музичари од земјава и од странство што ќе се одржи вечерва во 20 часот во Сули ан, во Старата скопска чаршија. Осуммина музичари ќе изведат звучен универзум што не го градат не само од инструментите, туку и од личните биографии, музичките јазици и искуството на секој од нив. Ќе настапат: Јапинг Ванг од Тајван на јангџин, од Македонија Оливер Настовски на тамбура и ут, Ратко Даутовски, на перкусии, Александар Бошков на гитара и Јордан Костов, таишигото, хармоника, трунг и вокал, Франсоа Мелан од Франција и Ник де Карло од САД на туба и Шинго Масуда од Јапонија на канун.
– Музиката на овој состав не произлегува од однапред дефиниран жанр, туку од заедничко присуство. Таа се гради преку љубопитност, активно слушање и заемна интеракција во моментот. Звукот постепено се претвора во процес на поврзување – меѓу луѓето, просторот и времето. Resonant Earth: Collective Ritual е жив, колективен музички чин во кој звукот, просторот и различните културни традиции се спојуваат во едно холистичко искуство – велат организаторите.
Ова прво издание во Скопје претставува почеток на едно пошироко патување на проектот – патување коешто ќе се трансформира во секој нареден град каде овој состав подоцна ќе настапува. Следуваат концерти во Париз (2 јуни), Берлин (14 јуни), Јапонија и Виетнам во октомври. Секое издание ќе носи нова енергија, нов звук и нова релација меѓу изведувачите, публиката и просторот.
