КИНА
Кинеското МНР ја потврди посетата на Трамп
11.05.2026 12:03
Трамп првично планираше да патува во Кина кон крајот на март, но Вашингтон побара од Пекинг да ја одложи посетата за неколку недели, наведувајќи го како причина застојот во разговорите со Техеран...

Кинеското МНР потврди дека шефот на Белата Куќа Трамп ќе биде во посета на земјата од среда до петок на покана на претседателот Кси Џинпинг. Трамп првично планираше да патува во Кина кон крајот на март, но Вашингтон побара од Пекинг да ја одложи посетата за неколку недели, наведувајќи го како причина застојот во разговорите со Техеран.
Во исто време, Кина и САД неделава одржуваат нова рунда трговски преговори во Сеул, во обид да ги намалат тензиите меѓу двете најголеми светски економии.
