Металург на испит во Веспрем

19.09.2014 16:51

Загубија од Вардар,  со млади сили се вратија и славеа против Раднички , но за македонскиот ракометен шампион сега искушението е многу поголемо. Маталург гостува во Веспрем против тимот што засега остава најголем впечаток во регионалното натпреварување и претендира за преземање на тронот уште во првата сезона.

Унгарците моќта и фаворитската улога во СЕХА ја покажаа во досегашните 5 средби во кои забележаа исто толку победи меѓу нив и убедливата од пред 7 дена против Вардар и последната над Нексе со 36-18. Оттука пред металурзите е сериозно искушение, да го одбранат клупското, но и реномето на мак-ракометот и  мечот да го искористат како последна контрола пред стартот во Лигата на шампионите и натпреварот со Пари сен Жермен идниот викенд во Скопје. Преносот од Средбата Веспрем –Металург е утре од 16 часот на првиот програмски сервис на МРТ.