Одложено рочиштето за случајот „Онкологија“
Одложено рочиштето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор и лекари од Клиниката се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето...

За први јуни е одложено рочиштето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор и лекари од Клиниката се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето.
Причина, спреченост на техничкиот советник на обвинителството, кој поради неодложни работни обврски не се појави во судницата.
Во овој случај, обвинети се: Нино Васев, поранешен директор на Клиниката за онкологија; Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, лекари онколози на клиниката, обвинети се за несовесно лекување и примена на несоодветни терапии кај 47 пациенти. Досега во постапката, вината ја призна второобвинетата онколог Мери Пешевска.
По нејзиното признание, судот веќе донесе пресуда со која ја осуди на две години условна казна затвор.
