Одлука на РКЕ

Нови цени од полноќ, дизелот поевтинува за 4 денари

11.05.2026 13:28

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата, со која од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на дизелот, екстра лесното масло и бензинот ЕУРОСУПЕР-98, додека цената на ЕУРОСУПЕР-95 останува непроменета.

Согласно новата одлука на Регулаторна комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на дел од нафтените деривати.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се намалува за 4 денари и ќе изнесува 89,5 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4,5 денари и ќе се продава по 94 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 0,5 денари и новата цена ќе биде 86,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 останува со непроменета цена од 85 денари за литар.

РКЕ соопшти дека во просек малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 1,78 проценти во однос на претходната одлука. Намалувањето, како што се наведува, се должи на пониските референтни цени на светските пазари кај дизелот и екстра лесното масло.