Пет турски инвестиции доаѓаат во Македонија

19.09.2014 16:52

Инвестициската политика и условите за водење бизнис ја ставија Македонија на инвестициската мапа кај турските менаџери...

Турската компанија „Про Лајн“ ќе гради фабрика во Македонија. Ќе инвестира три милиони евра во производствен капацитет за пластика. Бизнисот ќе го почне со 50-тина вработени. Локацијата допрва ќе ја утврдува. Инвеститорот најави- уште петмина  негови бизнис партнери кројат слични зделки да се шират на македонскиот пазар.

„За неколку месеци одлучивме да започнеме со изградбата на нашата фабрика и со нас ќе инвестираат уште пет компании. Првата инвестиција размилсуваме да биде три милиони евра и да обезбеди 50 вработувања, а останатите мои бизнис партнери се од различни сектории и се во фаза на подготовка на свој проект“, објави Алтан Кургелич, сопственик на „Про Лајн“ од Труција.

Најмалки пет турски инвестиции пристигнуваат во Македонија. Во рамки на владиното роуд шоу, вложувања од речиси шест милиони евра најави и „Демпо Груп“ во две фабрики за мермер и за амбалажа, „Мач Груп“ во земјоделскиот сектор, „Истем Медикал“ во производство на медицинска опрема, „Девели Груп“ ќе гради хотели.

Инвестициската политика и условите за водење бизнис ја ставија Македонија на инвестициската мапа кај турските менаџери. Премиерот вели голем дел од нив го скенираат теренот, бараат бизнис партнери, очекува наскоро одлука да отворат  капацитети.

„На добар пат сме да привлечеме поголем број на компании. Овие пет веќе за време на нашиот престој објавија инвестиција во Макеоднија, но уште поголема бројка очекуваме по нивното доаѓање, гледање на можностите на лице место да донесат одлука, да отворат свои капацитети, а со тоа да отворат нови работни места за нашите граѓани“, вели премиерот Груевски.

ТАВ, халк банка, Аџибадем, Суташ, Коч, Џеваир Холдинг, Лимак – ова се дел од труските инвеститори што ја одбраа Македонија за бизнис дестинација. Инвестициите достигнаа 44 милиони евра, а Турција е мегу 10- те најзначајни трговски партнери на Македонија.

Сузана Фиданска Стоевска