Маж ја убил ќерката, своите шест внучиња и се самоубил
Педесет и едногодишен маж од Флорида ги убил ќерката и шесте внучиња пред да изврши самоубиство. Дон Спирит ја повикал службата 911 и се застрелал. Претходно тој пукал во својата 28 годишна ќерка и нејзините деца од 4 до 11 годишна возраст. Најмалото било бебе родено во јуни годинава.

Злосторството се случило во близина на Бел, гратче со околу 500 жители, на 56 километри западно од Геинсвил. Спирит поради кривични дела и претходно и бил познат на полицијата, од каде додаваат дека засега иследниците немаат мотив за трагедијата. Спирит, претходно одлежал три години затвор затоа што смртно го застрелал и својот осумгодишен син за време на лов.