Образование

Врсничкото насилство, општествен проблем

11.05.2026 17:00

По неколку случаи на недолично однесување од страна на наставен кадар кон ученици, ќе се воведе приправнички испит и лиценци за психолозите чија задача ќе биде да препознаат вакви однесувања. За две недели ќе почне да функционира и бесплатната психолошка поддршка во средните училишта за сузбивање и на семејното насилство..

Појавата на врсничкото насилство во училиштата, како и случаи на педофилија кај наставничкиот кадар е општествен проблем, се размислува за зајакнување на психолошката служба во училиштата, со посебни лиценци и додатни обуки за постојниот кадар. Потребна е поддршката и од семејството, социјалните служби, вели министерката за образование Јаневска посочи. Се разгледува и можноста за ограничување на употребата на мобилните телефони додека трае наставата.

Во пресрет на уписите на средните училишта се поголем е интересот за стручното занимања и занаетчиските профили. Што треба да им донесен на младите да најдат добро платена работа и да не заминуваат во странство.

Според податоците коишто ги презентираа од 23.000 места, 17.000 се пополнети во средните стручни училишта, а другите се во гимназиите. Над 7.000 ученици посетуваат дуалното образование.

 

Игор Панов