Потребни се системски промени и приспособена инфраструктура за електричните тротинети
Сообраќајни експерти, претставници на РСБСП како и припадници на МВР и на СВР Битола дебатираа на темата-„Електрични тротинети – паметно или опасно“. Посочија дека неопходни се законски измени и допрецизирања.

Управување тротинети со голема брзина. Неодвоеност на пешачките од велосипедските патеки. Граѓаните не се чувствуваат безбедно при движење во зони недозволени за овие превозни средства.
Според истражувањето, само седум од сто проценти испитаници ги почитувале сообраќајните правила. Недостигот на сообраќајна култура и неприспособената патна инфраструктура, се дел од причините што се нижат сообраќајни незгоди.
Сообраќајни експерти, претставници на РСБСП како и припадници на МВР и на СВР Битола дебатираа на темата-„Електрични тротинети – паметно или опасно“. Посочија дека неопходни се законски измени и допрецизирања.
Заклучокот е дека системот сè уште не е подготвен за прифаќање на нови форми на мобилност.
Ружица Ѓоршевска
