Албанија ја гарантира безбедноста на Папата
Не постои ни најмал ризик во врска со посетата на папата Франциско на Тирана на 21 септември тврди албанската полиција. Безбедноста на папата е загарантирана. Некои странски медиуми јавија дека постоеле закани по животот на Папата од милитанти на исламската држава. Поради тоа албанската полиција вршела постојан надзор врз 35 лица повратници од боиштата од Сирија, како и врз 70 семејства на лица кои се уште биле во Сирија и Ирак.
Според протоколот Папата в недела ќе пристигне на тиранскиот аеродром, ќе одржи свечена миса на плоштадот „Мајка Тереза“.