Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

12.05.2026 08:03

Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.