Самит

Самит „Македонија 2025“

12.05.2026 08:34

Денеска и утре во Скопје ќе обединат претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите и дијаспората...

15-то издание на самитот „Македонија 2025“. Денеска и утре во Скопје ќе обединат претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите и дијаспората.

Под мотото „По 2025-та: Забрзување на растот, поттикнување лидерство“, ќе се дискутира за економскиот развој, инвестициите, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на државата.

Свеченото отворање се одржа во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која порача дека Македонија има силна потреба од поголема соработка со дијаспората. Во пресрет на дводневниот самит, претседателката им врачи признанија на истакнати припадници на дијаспората за нивниот придонес кон развојот и афирмацијата на државата.

МТВ од 9 часот ќе врши директен пренос од отворениот дел на Самитот.