Примирјето во Иран на стаклени нозе
Изјавата следува откако Техеран ги изложи своите барања за прекин на војната и повторно отворање на Ормускиот теснец во контрапонуда испратена до Вашингтон...

Едномесечното примирје меѓу САД и Иран останува во сила иако е неверојатно слабо, истакна американскиот претседател. Изјавата следува откако Техеран ги изложи своите барања за прекин на војната и повторно отворање на Ормускиот теснец во контрапонуда испратена до Вашингтон. Трамп тврди дека Иран ветил дека ќе им дозволи на САД да помогнат во екстракцијата на нивниот високо збогатен ураниум, но се повлекле од тоа во својот последен предлог за прекин на огнот.
„Имаме најголема војска во светот. Ја изградив во голема мера во мојот прв мандат и не знаев дека ќе ја користам толку многу во мојот втор мандат. Но, многу едноставно, кога ќе прашаат: дали тој има план? Да, имам план. Планот е многу едноставен. Знаете, во војна мора да се менувате. Мора да бидете флексибилни. Имате многу планови, но мора да направите различни планови во различни денови. Но, планот е дека не можат да имаат нуклеарно оружје. И тие не го кажаа тоа во нивното писмо“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Понудата на Техеран, според иранските медиуми вклучува итен крај на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема да има понатамошни напади врз Иран.
