ЕУ

ЕУ постигна едногласен договор за воведување нови санкции врз лидерите на Хамас

12.05.2026 09:16

Одлуката беше донесена по состанокот на министрите за надворешни работи на блокот во Брисел...

Европската унија постигна едногласен договор за воведување нови санкции врз лидерите на Хамас и израелските доселеници на Западниот Брег. Одлуката беше донесена по состанокот на министрите за надворешни работи на блокот во Брисел.

„Во Газа, хуманитарната ситуација останува катастрофална. Секако, разговорите се заглавени меѓу Израел и Хамас, а тие одбиваат да се откажат од своето оружје, а тоа ги зголемува шансите за нова војна.но, исто така, видовме пораст на насилството на доселениците на западниот брег. Постигнавме политички договор за санкционирање на израелските екстремистички доселеници и субјекти. Ова оди заедно со нови санкции врз водечките личности на Хамас“, изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.

Гласањето на ЕУ се оценува како знак за политичките можности по соборувањето на унгарскиот премиер изминатиот месец. Орбан беше цврст поддржувач на израелскиот премиер Нетанјаху и постојано ставаше вето на обидите за санкционирање на израелските доселеници за активности на западниот брег.