Украина

Писториус: Путин се обидува да не убеди дека сака мир

12.05.2026 10:56

Германскиот министер за одбрана за време на посетата во Киев рече дека не е убеден од желбата на Русија за мир...

Германскиот министер за одбрана за време на посетата во Киев рече дека не е убеден од желбата на Русија за мир, додавајќи дека претседателот Путин би можел веднаш да ја заврши војната со тоа што ќе се согласи на преговори без предуслови.

„Владимир Путин се обидува да не убеди дека сака мир. Нашето искуство со неговите ветувања во минатото бараат претпазливост. Ќе ги оценуваме ветувањата на Путин врз основа на едно нешто, неговите постапки. Па, да почекаме и да видиме. Путин ако навистина сака мир, може лесно и брзо да го постигне со запирање на убиствата, со спроведување сигурно примирје и со согласност за водење мировни преговори без услови што се неприфатливи за нашите украински пријатели“, изјави Борис Писториус, министер за одбрана на Германија.

ЕУ, заедно со Канада, беше домаќин на состанок на меѓународната коалиција за враќање на украинските деца од 47 земји, со цел да се зголеми дипломатскиот притисок врз Русија.