Десетици загинати во серија бомбашки напади во Ирак

19.09.2014 17:11

Десетици луѓе загинаа во серија бомбашки напади во Ирак. Во оделни квартови на Багдад експлодирале автомобили бомби каде загинале 21 лице а 50-тина биле повредени. Во Киркук пак автомобил бомба усмртил 16 мина.

Нападите уследиле откако безбедносните сили  и сојузничките шиитски борци и сунитски припадници се борат да ја повратат територијата која ја освои Исламската држава на Ирак и Левант.