Одбојкарките на Работнички со 18-та шампионска титула

12.05.2026 09:16

Решавачки беше третиот сет во кој избраничките на тренерот Душко Деспотовски го добија со 27:25, а во завршницата на сетот двете екипи имаа предност. Во четвртиот сет Работнички ја искористи психолошката предност и постојано беше во водство.

Одбојкарките на Работнички се нови шампиони откако во мајсторката од плеј офот во Струмица со 3:1 во сетови (16:25; 25:20; 27:25 и 25:23) го совладаа тимот на Наковски волеј со 3-2 во победи. Ова беше прв триумф на Работнички сезонава на теренот на противникот.

Натпреварот почна во знак на домашната екипа, која го доби првиот сет и поведе со 1:0, но во вториот гостинскиот тим беше поуспешен и изедначи на 1:1. Решавачки беше третиот сет во кој избраничките на тренерот Душко Деспотовски го добија со 27:25, а во завршницата на сетот двете екипи имаа предност. Во четвртиот сет Работнички ја искористи психолошката предност и постојано беше во водство.

За одбојкарките на Работнички ова е 18-та шампионска титула.

 

Фото: ОФМ/ Facebook