Расте притисокот врз британскиот премиер Стармер по изборниот пораз
На парламентарните избори во Велс, долгогодишно упориште на Лабуристите, партијата падна на третото место.

Расте притисокот врз британскиот премиер Стармер по изборниот пораз на Лабуристите. Се повеќе министри и пратеници повикуваат на негова оставка. Десетици лабуристички пратеници вчера јавно ја повлекоа поддршката.
За денеска Стармер закажа состанокот на кабинетот. Во владата поделени мислења за тоа како да се продолжи понатаму и што е во најдобар интерес на партијата и на државата.
Лабуристичката партија изминатата недела на локалните избори во Англија загуби повеќе од 1.400 мандати во општинските тела. На парламентарните избори во Велс, долгогодишно упориште на Лабуристите, партијата падна на третото место.
Стармер веќе неколкупати ги отфрли повиците за оставка.
