Реакција

ВМРО-ДПМНЕ го осуди говорот на министерката за надворешни работи од Бугарија

12.05.2026 12:05

Македонците се Македонци и ништо друго, повикуваме на разумност и внимателност во говорите на бугарските политичари- велат од партијата.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја осуди изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Весислава Петрова – Чамова која македонскиот народ го нарече северномакедонски.

„Македонците се Македонци и ништо друго, повикуваме на разумност и внимателност во говорите на бугарските политичари, за да не можат истите да бидат искористени за политички цели“, велат од партијата, од каде побараа и другите политички субјекти во земјава да го осудат говорот на Петрова – Чамова, со што ќе се прати порака дека идентитетот не е предмет на разговори, преговори и договори.

Уште веднаш за изјавата на министерката реагираше македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски.