Американска воена интервенција во Јужен Судан?

23.12.2013 12:07

Јужен Судан

Американскиот претседател Барак Обама предупреди за можна  воена интервенција  во Јужен Судан  за заштита на американските државјани во земјата. 46 војници биле распоредени за да помогнат во евакуацијата на американските државјани, додека други 45 војници биле испратени  да ја чуваат американската амбасада. Стејт Департментот соопшти дека САД досега евакуирале 680 лица од земјата. Тензијата во земјата расте и е на  работ на граѓанска војна.  Викендот бунтовниците погодија две летала при што беа повредени четворица војници.

Јоханесбург

Несреќа на аеродромот во Јоханесбург. Авион на „Бритиш ервејс“ Боинг 747, кој летал од Јоханесбург за Лондон, со десното крило удрил во зграда. Четворица патници  се потешко повредени, и веднаша се хоспитализирани. Во моментот на несреќата  во авионот имало 185 патници и 17 членови на екипажот.

Бангког

Протести во Тајланд. Над 100.000 демонстранти се судрија со полицијата во повеќе места во главниот град Бангког. Демонстрациите се интезивираа откако главната опозициска партија најави бојкот на предвремените избори во февруари. Антивладините демонстранти бараат оставка на премиерката Јинглук Шинаватра, а протестите траат две недели. 

Њујорк

35-годишен маж со својот тригодишен син се фрли од облакодер во Менхетн. Полицијата ја испитува причината за самоубиството. Според првичните информации, мажот бил имигрант од Украина, имал спор со државата и требал да го предаде детето на властите.

Ослободена пејачката на групата „Пуси Рајот“, Марија Аљохина, која беше осудена на две години затвор поради критика на шефот на Кремељ. Аљохина казната поради  „богохулство“ ја издржуваше во Нижни Новгород, 450 километри источно од Москва. Денеска се очекува да биде ослободена и втората членка на бендот,  Надежда Толоконикова.

Марија Петковска