Во Скопје се одржа Македонско-албански бизнис-форум
Во Скопје се одржа и Македонско-албански бизнис-форум „Преку границите“. Двете страни се заложија за продлабочување на економската соработка, потесни деловни врски, развој на нови партнерства и пронаоѓањето можности за трговија и инвестиции од заеднички интерес…

Економската соработка меѓу Македонија и Албанија е добра, но може да биде многу, многу подобра, беше пораката од македонско албанскиот бизнис форум одржан во Скопје. Учесниците со порака, да се обединиме и во следните неколку години, со конкретна агенда и конкретни рокови, да достигнеме трговска размена од милијарда евра. во овој контекст, потребна е и подобра инфраструктура и поврзаност, а Македонија во моментов има големи инвестиции токму во овој сектор, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.
За да пораснат овие бројки, потребна е заедничка работа, преку трговски комори и бизнис претставници, истакна претседателката на Унијата на стопански комори на Албанија, Инес Мучостепа.
Дискусијата на бизнис-форумот насловен над границите, беше поделена на три панели, инвестиции, поврзување и туризам.
Марија Котовска
