Мицкоски од Самитот на „Македонија 2025“: По потешкиот пат кон ЕУ
Домашни и меѓународни лидери, претставници на бизнисот, институции, експерти и на дијаспората седнаа на заедничка маса во Скопје. Отворен е годинашниот самит во организација на „Македонија 2025“. Дијаспората побара повеќе напори за развој на државата, премиерот Мицкоски уверува – членството во ЕУ останува стратешка цел, ќе одиме по потешкиот пат, но местото ќе го заслужиме со квалитет и испорака на реформи.

Ќе го чекориме потешкиот и посигурниот пат, со работа и резултати, а не со потпишување хартија, порача премиерот Мицкоски на Самитот „Македонија 2025“. Тој ги увери присутните дека членството во ЕУ останува стратешка цел за земјава.
Како до поголем економски раст во време на геополитички промени кои носат нови промени, дигитализацијата и лидерството беше во фокус на самитот. Напредок во Македонија има, но не треба да бидеме задоволни – рече Мајк Зафировски. Тој порача дека повисок раст може да се постигне со попосветени институции, вложување на дијаспората, квалитетни човечки ресурси, нулта толеранција за корупцијата, инвестирање во образованието.
„Македонија 2025“ има нова стратегија со три столба за забрзување на растот: поголема конкурентност на бизнисите со дигитализација, лидерство и мобилизирање на дијаспората.
Организаторите очекуваат нови партнерства, инвестиции и идеи за одржлив развој.
Во 2025-та година растот бил највисок споредено со земјите од регионот, забележано е зголемување на продуктивноста, понапредни технологии и подобрена фискална консолидација. Растот е задача на сите институциите, компаниите, дијаспората.
Александра Велинова
