Македонија

Проширена М-ТАГ услугата на државните патишта

12.05.2026 17:30

М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјава. Ќе можат да се купуваат на рати. Со ова, надлежните очекуваат повисока искористеност, бидејќи досегашната примена не е задоволителна.

Само 36 проценти од возачите користат електронски уреди за наплата на патарина

Уредот за електронска наплата овозможува плаќање патарина без застанување на наплатни станици, но многу малку граѓани знаат за ова.

Системот за електронска наплата на патарина М-ТАГ на коридорот 10 достапен е на 7 наплатни станици за побрзо поминување на наплатните станици во Македонија.

Наплатата на надоместокот за користење на М-ТАГ ќе се врши и преку мобилните оператори.

Со зголемување на користењето на уреди за електронска наплата на патарини, надлежните очекуваат намалено време чекање на патарини. Со моделот на затворен систем на патарини, патарина ќе се плаќа само на почетокот и на крајната дестинација.

Ирина Гелевска