Свет
Бомбашки напад на пазар во северозападен Пакистан
12.05.2026 19:16
Засега никој не ја презеде одговорноста, но сомнежите паѓаат врз пакистанските Талибанци. Нападот доаѓа по серија засилени судири и напади во регионот.

Најмалку девет лица загинаа, десетици се повредени во бомбашки напад на пазар во северозападен Пакистан. Експлозивната направа била поставена на трицикл во округот Лаки Марват.
Засега никој не ја презеде одговорноста, но сомнежите паѓаат врз пакистанските Талибанци. Нападот доаѓа по серија засилени судири и напади во регионот.
По трагичната експлозија ни беа донесени вкупно 44 луѓе. Меѓу нив, девет беа починати, а 35 ранети. Меѓу жртвите двајца се полицајци и седум цивили, изјави д-р Мухамед Ишак Кан, медицински началник.
